Радио Милева
ги разочара фановите

Многумина очекуваа дека ќе уживаат во нејзиниот глас , но тоа нема да се случи – oва е единствената ѕвезда што не сака да настапува за Нова Година (фото)

Многумина очекуваа дека ќе уживаат  во нејзиниот глас , но тоа нема да се случи – oва е единствената ѕвезда што не сака да настапува за Нова Година (фото)

 Естрадните ѕвезди со месеци се подготвуваат за настапот на најлудата ноќ. Нивните тезги се веќе однапред закажани, се најавуваат концерти и луда забава, но сепак има и такви кои сакаат оваа вечер да ја поминат дома. Со денови се шпекулираше каде ќе настапи Марија Шерифовиќ за Нова година, а сега се огласи и откри се.

Шерифовиќ донесе одлука за настапот за прославата во 2023 година, а со тоа што го изјави изненади многумина.

Пејачката за дочекот во 2022 година, приреди спектакл во Белград  кога пееше пред градското собрание, но оваа година донесе одлука која ги изненади и малку ги разочара нејзините фанови.

„Луѓе мои, деновиве ми го преплавивте сандучето со пораки каде ќе настапувам за дочек на новогодишната ноќ. Значи, за Нова Година не настапувам 99 проценти од времето. Одмарам, седам, јадам, пијам, се сончам, Божја убавина“ – изјави Марија.

Се чини дека пејачката ќе ја пречека Новата Година на потоплите места, а дали тоа ќе биде Лос Анџелес, каде што обожава да престојува и кога и да има прилика заминува, или некоја друга дестинација, останува да видиме.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/ М.Шерифовиќ/Стефан Стојановиќ

Останати вести од Радио Милева