Живот и Стил

Многумина ја сакаат заради вкусот, но не знаат дека го регулира притисокот и шекерот во крвта: Најефикасна е ако се јаде вака!

Многумина ја сакаат заради вкусот, но не знаат дека го регулира притисокот и шекерот во крвта: Најефикасна е ако се јаде вака!

Дињата е летно овошје кое е полно со калциум, витамини Ц, Б и А, како и со магнезиум, фосфор, железо, бакар и манган. Содржи и тиамин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина, пантотенска киселина.

Луѓето ја сакаат поради пријатниот благ вкус и сладост, а одлична е затоа што содржи голема количина на вода, која е неопходна за нормално функционирање на организмот во текот на летните горештини.

Според „Американската кардиоваскуларна асоцијација“, калиумот од дињата го намалува крвниот притисок така што го намалува ефектот на натриумот и ги „опушта“ крвните садови.

Калиумот му помага на телото да го ослободи вишокот натриум и на тој начин го намалува покачениот крвен притисок. Исто така, ни помага да ја одржиме потребната рамнотежа на водата, киселинско-базната рамнотежа и невромускулната функција, а исто така игра важна улога во преносот на електричните импулси до срцето.

Луѓето кои добиваат доволно калиум имаат значително помали шанси да добијат мозочни удари и други срцеви заболувања. Овој минерал ја зачувува густината на коските и го спречува создавањето на камења во жолчката.

Дињата лесно се вари, има многу растителни влакна, го регулира варењето и промовира исфрлање на токсините од цревата. Се препорачува да се јаде на празен стомак и пред друг оброк.