Радио Милева
невообичаен метод

Мислеле дека е ботокс, но тоа е нешто полошо: Том Круз има бизарен метод за подмладување (фото)

Мислеле дека е ботокс, но тоа е нешто полошо: Том Круз има бизарен метод за подмладување (фото)

Том Круз важеше за најпосакуваниот маж на светот. Денес има 60 години и користи бизарен метод на подмладување.

Том Круз беше тивкото страдање на жените ширум светот. Важеше за еден од најпосакуваните актери, а денес доживеа голема трансформација.

Имено, лицето на актерот изгледа многу отечено и искривено, а се верува дека за тоа се виновни бројните естетски зафати.

Актерот има 60 години, а според неговиот менаџер, тој е многу загрижен поради стареењето, и се труди максимално да го одржи младешкиот изглед. Меѓутоа, многу луѓе забележале дека нешто не е во ред со неговото лице, па почнале да кружат гласини дека претерува со филерите и ботоксот.

За неговиот изглед коментираа дури и експерти од областа, поточно естетските хирурзи. Според нивното мислење, актерот претерано посетува ординации, а неговото ново појавување би можело да биде резултат на прекумерните вишок килограми, кои со инјекциите ботокс доаѓаат до израз.

Том не криеше дека се грижи за својот изглед, а откри што користи кога е негата на лицето во прашање. Том призна дека користи маска направена од птичји измет за да го затегне лицето. Актерот изјавил дека неговата кожа никогаш не изгледала подобро и помазно од таа бизарна маска, а признал и дека плаќа многу за тоа.

Имено, станува збор за маска за лице која подразбира мешање на птичји измет со овесни трици и вода, а смесата се суши на лицето.

„Том не оди на инјекции или операции на ботокс, но посветува многу внимание на сите нови природни третмани, резултатите беа фантастични“, му рекол близок извор на актерот и додал:

„Том не мисли дека маската од птици е чуден третман. Всушност, тој истакнува дека постојат многу полуди и поневообичаени методи за одржување на вашето младо лице “.

Покрај Круз, познати се и Викторија и Дејвид Бекам дека го користат овој метод.

Фото:Принтскрин/Профимедиа/Гети Имаџес

Останати вести од Радио Милева