Радио Милева
не и остана должен

„Минатата година повикав полиција поради насилство, а сега…“: Потегот на Душко повторно ја скрши Карлеуша (фото)

„Минатата година повикав полиција поради насилство, а сега…“: Потегот на Душко повторно ја скрши Карлеуша (фото)

Јелена Карлеуша лани на Божиќ го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство, а потоа настанало затишје, се чини, пред бура. На ова следуваше објавата на пејачката на Инстаграм, во која ја известува јавноста дека се разведува, а потоа ја брише од својот профил.

Неодамна, како гостин во емисија, пејачката јасно и гласно кажа дека разводот не се случил, а една од нејзините реченици беше поттик да се огласи адвокатот на Тошиќ, Никола Премовиќ.

– Ќе кажам една голема вистина и таму ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене – тоа беше реченица која како да го „зашемети“ фудбалерот, па набрзо неговиот одговор стигна преку неговиот адвокат.

– Душко Тошиќ е некој кој во текот на целата своја кариера, како почитуван спортист и поранешен репрезентативец, избегнува јавно да се експонира, особено кога станува збор за брачни и семејни работи. Повторуваме дека преговорите за меѓусебниот развод на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се уште траат, а еден од договорите со адвокатите на Јелена бил токму ниту една страна да не се огласува за брачни и семејни работи, додека преговорите за заеднички развод се во тек. – вели адвокатот Никола Премовиќ, пренесува Курир.рс

Сепак, Карлеуша набрзо реагираше на зборовите на адвокатот:

– Минатата година на Божиќ повикав полиција поради насилство, оваа година бев принудена на такво обраќање – напиша таа на Инстаграм, а нејзината изјава погледнете ја на фотографијата подолу.

фото:АТА Images/Instagram принтскрин

Останати вести од Радио Милева