Радио Милева
напорна професија...

Мина Врбашки, ријалити ѕвездата која заврши со најмногу мажи в кревет во „Задруга“, одново завршила во кревет… само сега болнички! (ФОТО)

Мина Врбашки, ријалити ѕвездата која заврши со најмногу мажи в кревет во „Задруга“, одново завршила во кревет… само сега болнички! (ФОТО)

Мина Врбашки, девојката од реалното шоу „Задруга“ важи за онаа која ги сруши сите рекорди по бројот на сменети партнери за време на учеството четири сезони на оваа ТВ програма, додека во последнава петта по ред , не учествува.

Таа официјално смени дури 7  момчиња со кои беше интимна во четирите сезони на „Задруга“ и  водеше љубов со нив јавно пред камерите.

Токму поради овој број на мажи, Мина се смета за „најмераклика“на сите времиња во „Задруга“, за девојка што „прошла“ најголемиот број партнери вооопшто во сите сезони на најгледаното реално шоу „Задруга“. Или како што на шега знаеа да кажат некои од „задругарите“: „Умри машки на Мина Врбашки“!

Непосредно  пред Нова година, Мина  влезе и во „Задруга 5“, но само како гостинка  за да им поделии подароци на натпреварувачите. Нејзиното ненадејно доаѓање ги вознемири некои од нејзините бивши љубовници  како Филип Цар, но и Менсур Ајдарпашиќ. На Менсур дури не му било добро кога ја видел поранешната девојка, па дури и заплакал пред камерите.

Но, на Мина Врбашки исто така не и било добро по враќањето дома. Таа поради замор итно завршила во болница. Била приклучена на инфузија, па додека истата да истече, старлетата напишала:

„Здравствената состојба ми се влоши. Во последните неколку недели имав многу напорен период и премногу деловни обврски, па се изморив од сето тоа и здравствената состојба ми е нарушена“ – напишала Мина и додала:

Би Ве замолила во наредните неколку дена никој да не ми пипува, зашто не сум во можност да ви одговорам. Штом соберам сили и закрепнам, ќе се јавувам. Ви благодарам на разбирањето“ – завршила Врбашки.

Од сето ова, заклучокот е само еден: Старлета – навистина напорна професија!

Фото: Инстаграм принтскрин/minavrbaski

Останати вести од Радио Милева