Радио Милева
ништо не е како што изгледа

Милош Тимотијевиќ со „филмски трик“ ги шокираше своите обожавател(к)и: Актерот како арслан, до појас гол во водите на Исланд!? (ФОТО)

Милош Тимотијевиќ со „филмски трик“ ги шокираше своите обожавател(к)и: Актерот како арслан, до појас гол во водите на Исланд!? (ФОТО)

Се’ попопуларниот српски актер Милош Тимотијевиќ е познат и како еден од најзгодните глумци во регионот, а со тоа и во Македонија, најмногу заради мноштвото улогите кои ги игра во речиси секоја нова српска серија или филм, кои во изобилство се снимаат последниве години кај нашиот северен сосед.

Деновиве Милош е во посета на Рејкјавик, главниот град на северниот студен Исланд, од каде објавува фотографии кои оставаат без здив.

Имено, актерот се фотографирал гол до појас додека стои во ладна вода, со што ги шокираше сите, особено најверните обожавател(к)и кои со неверување ги гледаа фотографиите.

Можно ли е Милош гол до појас во ледено-студената вода, па дури и ноќе, кога температурата е уште пониска, под нулата, се прашуваат шокираните фанови, гледајќи ги фотографиите на актерот, кој потоа сам или со пријателите с сликал додека пие топол пијалок.

Арно ама речиси никој од нив или барем само малкумина, (не) насетиле дека всушност актерот употребил филмски трикови за сето тоа да изгледа како што на прв поглед изгледа.

Имено, познатом ед ека Исланд е ледено-студен, но е и остров кој изобилува со гејзери, извори, па и цели езера со топли и термални води во кои можете да се капете и на минусни температури.

И затоа особено женските обожавателки на Милош Тимотијевиќ не би требало да бидат насекирани… Актерот нема да остане со смрзнати… екстремитети. Можеби пливал на студено, ама сепак во топла вода.

Фот: Инстаграм принтскрин/milosdtimotijevicofficial

Останати вести од Радио Милева