Радио Милева
искрена

Милица Тодоровиќ ослабе 15 килограми, а сега откри каква домаќинка е и ги насмеа сите (фото)

Милица Тодоровиќ ослабе 15 килограми, а сега откри каква домаќинка е и ги насмеа сите (фото)

Пејачката Милица Тодоровиќ е позната по тоа што често варира кога се во прашање килограмите, но и покрај тоа важи за една од најзгодите на естрадата.

Таа сега откри како ја одржува својата линија:

– Кај мене тоа се случува периодично. Мора да се најде рамнотежа. Досега најмногу ослабев 15 килограми за два месеци – изјави пејачката и додаде:

– Никогаш не паднав во депресија поради мојата тежина. Кога не си задоволен со својот изглед, мораш некако да се собереш… Ја зeмаш лажицата и почнуваш да јадеш нормално. Не кукам за моите мали гради, ги сакам. А кога ќе се заљубам, можам сè – вели пејачката.

– Јас кога сум нервозна, јадам. Тоа е најмногу поради работа, не е поради раскинување.

Милица откри дека најмногу ослабела за време на корона вирусот, а потоа ги шокираше сите:

– Јас никогаш не готвам. Одам во маркет само по млеко за кафе и цигари. Јадам во ресторани, можам да си дозволам.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Милица Тодоровиќ

Останати вести од Радио Милева