Радио Милева
се опушти

Милица Павловиќ го покажа лицето без грам шминка додека ужива во луксузен хотел каде цената за две ноќи е баснословна (фото)

Милица Павловиќ  го покажа лицето без грам шминка додека ужива во луксузен хотел каде цената за две ноќи е баснословна (фото)

Пејачката Милица Павловиќ престојувала во луксузен хотел во Црна Гора на Свети Стефан, каде цената на едно ноќевање е баснословна.

Павловиќ ужива во прекрасниот поглед од терасата, луксузните соби во кои престојува со другарките, а сè снимила и објавила на Инстаграм, а ја открила и локацијата.

Инаку, цената на две ноќевања во хотелот во кој престојува Милица започнува од 3.500 евра.

Милица во еден момент направи и селфи без трошка шминка, што ги воодушеви нејзините следбеници на социјалните мрежи кои и порачаа дека е природно убава.

Да потсетиме, пејачката неодамна за прв пат проговори за врската со нејзиниот татко. Таа по разводот на нејзините родители пораснала со баба и дедо, а нејзиниот татко не е ентузијаст за изборот на професијата на неговата ќерка.

– Тато беше со маќеата за да го прослави мојот роденден. Тој е толку скромен, постојано ги правиме овие конструктивни разговори, или расправии, затоа што „избегнува“ да го искористи тоа што Милица Павловиќ му е ќерка… Не можам да се носам со него. Навистина.Тој се гордее со мене, но не му се допаѓа тоа што сум пејачка, што сум ова. Би сакал да имам најнормална работа, да работам од 8 наутро до 3 попладне – истакна поранешната учесничка на „Ѕвезда Гранда“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/senoritamilica

Останати вести од Радио Милева