Промотер

Милица Кузмановска и Наум Петрески со дуетска празнична песна – „Новогодишна“ (ВИДЕО)

Милица Кузмановска и Наум Петрески со дуетска празнична песна – „Новогодишна“ (ВИДЕО)

Македонските фолк ѕвезди Милица Кузмановска и Наум Петрески деновиве го промовираа својот новогодишен дует за новогодишната песна едноставно насловена “Новогодишна”.

Оваа интерсна спојка од ангелските гласови на Милица и Наум само се надополнуваат на оваа предновогодишно-божиќна атмосфера која сите ние ја чувствуваме и доживуваме. Тие сакајќи да им ја честитаат Новата 2022 година го снимија овој дует, а и видео спот кој ќе имате можност подолу и да го погледнете.

Песната е дело на Дејан Миленковски, додека текстот го напиша Надица Гошева. Видео спотот пак, комплетно го реализираше ИНТВ продукција, а истиот е снимен во домот на пејачот Наум Петрески и неговата сопруга Зуица Лазова кои скопјани ќе ги забавуваат и на плоштадот „Македонија“ во највеселата ноќ.

Останати вести од Промотер