Радио Милева

Мили го извиси овој Македонец, а сега тој се појави во „Ѕвездите на Гранд“, па жирито удри по менторот: „Срамота за тој човек“

Мили го извиси овој Македонец, а сега тој се појави во „Ѕвездите на Гранд“, па жирито удри по менторот: „Срамота за тој човек“
фото: гранд онлајн

Во последните две сезони во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, членовите на жирито имаат и улога на ментори, односно секој кандидат има ментор кој заедно со својата екипа работат со кандидатите.

Претходната година освен стандарното жири, ментор можеше да биде и продукцијата односно Саша Поповиќ и Снежана Ѓуришиќ, но оваа правило се смени оваа година кога наместо продукцијата ментор може да биде член – гост.

Така, во таа улога можевме да ги видиме Тијана Дапчевиќ, Сале Тропико, Џенан Лончаревиќ, Александар Милиќ Мили и многу други.

Меѓутоа, иако задача на менторите е да работат со своите кандидати, Мили овој пат го извиси својот кандидат односно Никола Станишиќ од Скопје.

Како што објасни тој, се договориле со Мили да работат заедно, но кога Никола го побарал својот ментор тој одговорил дека има многу концерти и нема да може да соработуваат.

Никола без да работи со ментор се појави во последната емисија на музичкото шоу каде што се претстави со песните „Лазарополе таму најгоре“ и „Кад заболи“.

фото: принтскрин/јутуб

По неговата изведба тој доби четири гласа, односно тоа  значеше дека оди во бараж каде што со останатите кандидати требаше да се бори за поминување во четвртиот круг.

фото: Принтскрин/јутуб

Меѓутоа, кога жирито виде дека Никола немал ментор, тогаш во студиото настана општ хаос.

„Се слушнавме откако од продукцијата побарав негов број, но не можеше да работи со мене бидејќи има многу концерти“ изјави Никола.

фото: принтскрин/јутуб

„Ова е голема срамота за тој човек“ истакна Ѓорѓе Давид.

Вики Миљковиќ сметаше дека Никола не треба да оди во бараж бидејќи ќе биде нерамноправна борба со останатите кандидати кои работеле со ментори.

„Чекајте, чекајте, ова е нерамноправна борба бидејќи сите кандидати работеа со своите ментори, а тој не“ изјави Вики, а Босанац му даде глас со што Станишиќ доби доволно гласови за да помине во третиот круг.

фото: принтскрин/јутуб

Марија Шерифовиќ изрази желба дека сака да го земе во својот тим и да му биде ментор.

„Може ли јас да го земам“ праша Марија и откако доби потврден одговор веднаш тргна на сцената да го прегрне Македонцот.

фото: Принтскрин/јутуб

Како Марија ќе го подготви Никола за следниот круг останува да видиме за неколку месеци.

Останати вести од Радио Милева