Радио Милева
две во едно

Милена Антовска пред Нова Година има специјален повод за двојно славје заедно со нејзината мајка: Роденден е денот што го чекаме цела година, а пензија цел работен век (фото)

Милена Антовска пред Нова Година има специјален повод за двојно славје заедно со нејзината мајка: Роденден е денот што го чекаме цела година, а пензија цел работен век (фото)

Познатата водителка Милена Антовска- Станковска која ги расонува верните гледачи на утринската  програма на Kанал 5 телевизија, секогаш отворено зборува за нејзината кариера, за модните фотосесии, за водителството и за сите професионални ангажмани и активност во кои таа успешно се снаоѓа.

Но, атрактивната водителката не е резервирана и јавно ги споделува убавите моменти и кога станува збор за приватноста.

Таа често знае да сподели и некоја приватна и интимна фотографија и да ги израдува нејзините следбеници.

Овојпат, додека наближуваат новогодишните празници, каде веќе ги броиме часовите за дочекот на Новата и сите се радуваме на празничната еуфорија, додека семејствата и пријателите се собираат да слават, македонската водителка Милена Антовска и пред Нова Година  има повод и тоа за двојно славје. А поводот специјален. Ем роденден, ем пензионирање на нејзината мајка.

Па така, во годината што заминува, мајката на харизматичната водителка си дочека и пензија и тоа токму на роденденот, повод кој нејзината ќерка гордо и го честиташе со заедничка фотографија.

А  убавите дами позираа една до друга, расположени, насмеани и задоволни.

„ Мамичке моја среќен роденден и со здравје да си ја користиш пензијата“ – гордо напиша нашата популарна водителка.

На мапата на животот една од дестинациите е пензионирањето, па кога и да е, сите се радуваме на неговото пристигнување. Останува само храбро да извозиме до таму.

Среќен роденден и среќно пензионирање!

Фото:Принтскрин/Инстагарам/Милена Антовска

Останати вести од Радио Милева