Промотер

Мијата самата ја креираше визуелизацијата за својата – „Маска“ (ВИДЕО)

Мијата самата ја креираше визуелизацијата за својата – „Маска“ (ВИДЕО)

Наташа Мијатовиќ – Мијата со години е успешна на повеќе полиња: контролор на летање, пејачка, музичар, автор, комплетен уметник.

Сестраноста на Мијата ја докажа и со нејзиниот перформанс „Јаболки и круши за уметнички души“, но и со нејзиниот најнов проект, видеоспотот за песната „Маска“, каде таа самата се потпишува како режисерка!

Мијата деновиве го објави видео записот за песната кое не само што самата го режираше, туку е и автор на музиката и текстот на песната, а аудиото е направено во соработка со Дамир Пух и Наташа Миха.

Во спортот настапуваат танчерките од студиото за танц Dancers United и нивната кореографка, Сара Кочан. Сниматели се Сашо Доковски и Тони Стојановски, а монтажата и постпродукцијата се на Били од Artistic Production.

„Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација ме одведе во нови познанства, соработки и искуства. Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето. Сега задоволството е заедничко“ – напиша Мијата при медиумската промоција на видеото кое можете да го проследите во продолжение.

 

Останати вести од Промотер