Мегафон
промо

Миа Перевска го промовира видеото за “Follow”

Миа Перевска го промовира видеото за “Follow”

Четири минути, еден сингл, една година. “Follow” е приказ на магичниот безизлезен круг на алтер егото на  Миа Перевска кое ќе биде прикажано на големото платно. Јован Куцин ги режираше и изработи нејзините sci fi сонови, а “Котур Кафе и Филм” по промо цена ќе го служат нивниот нов автентичен коктел. За прв пат во живо ќе може да ја слушнете на фестивалот „Земјотрес“ во МКЦ  во сабота, на 04.02. 2023 год. каде ќе ја отсвират како дел од нивниот репертоар.

Промоцијата на видеото е закажана за во вторник на (24.01.2023 г.) во 20 часот.

Инаку Миа е дете на познати родители, македонски јавни личности, зашто Михаела или Миа, како што ја викаат, е најстарата ќерка на Никола Перевски – Пере од групата „Нокаут“ , која ја има од својот прв брак со ТВ новинарката на МРТВ,  Александра Спировска.

Таа е придружен вокал во „Нокаут“, но исто така работи и на соло проекти, кои се поврзани со музиката, а и самата настапува забаваувајќи ги гостите со своите поп-рок сетови по најпознатите скопски локали, а најавената песна и видео се дел од нејзините авторски остварувања.