Радио Милева

Mиа Костова за корона вирусот: „Не кревајте паника“

Mиа Костова за корона вирусот: „Не кревајте паника“
фото: принтскрин

Деновиве главна тема во сите медиуми е корона вирусот поради кој е загрижен целиот свет.

Корона ја „здрма“ и македонската јавност, па многумина паничат да не се прошири во Македонија.

Македонската водителка Миа Костова ја искористи својата популарност преку социјалните мрежи да апилира до сите граѓани да не се крева паника.

фото: принтскрин/инстаграм

Ако нешто ме вади од кожа кога е во прашање Скопј,е Македонија тоа е дефинитивно кревањето на паника, некогаш основано поради превентива, некогаш апсолутно неосновано. Ќе се потсетам само на морбилите кои што беа сериозна закана за човештовото и граѓаните во Македонија пред само неколку месеци. Фала богу сите останавме здрави и живи. Деновиве и те како бучи корона вирус. Јас ќе ве замолам да направите „swipe up“ и да не го пропуштите линкот, да се едуцирате, да не кревате паника и да миете раце“, изјави таа објавувајќи линк со повеќе детали од корона вирусот.

фото: принтскрин

Во Македонија засега нема луѓе заболени од корона.

Останати вести од Радио Милева