Радио Милева
нека иде живот...

Миа Костова со саркастична порака, како своевидна роденденска честитка на самата себе си: „Полнам 38, а вака убаво не сме живееле, па не памтам од кога?“

Миа Костова со саркастична порака, како своевидна роденденска честитка на самата себе си: „Полнам 38, а вака убаво не сме живееле, па не памтам од кога?“

Миа Костова на јавноста и позната оддамна… На скопјани пред се’ како урбан градски лик,  на Македонија како позната ТВ водителка, а во последно време како успешна инфлуенсерка.

Тоа е она што се знае и гледа, а она што може од неа да се слушне и доживее многумина знае да воодушеви,  многумина да шокира, а понекого и „жив да закопа“… За навека! Зашто русокосата е позната по тоа што „не тркала жива сила“, па што повеќе има неправди што ја допираат, толку е поостра и по „пис“ на јазик… Истиот оној јазик кој и е „без влакна“, па што и лежи на срце, притиска на душа и падне на ум, „без пардон“ знае јавно да го „истури“ или да му го „плесне в лице“… Секому, кој и да е! Зашто Миа решила никој да не и диктира правила по кои треба животот да го живее. Сама, со своето синче Андрија или со партнерката Тијана.

Затоа Миа Костова може да ја сакате, може да не ја сакате, ама не може да ја промашите, да не ја забележите, да не ја прокоментирате  нејзината појава, постапките, искажаните зборови и ставови. „Жилет на јазик“,  само своја, горда и храбра, кршач на табуа, духовита, интелигентна, уникатна… Со еден збор  – оригинална… Во се’, па и кога Миа Костова слави роденден. Или барем кога 38-та и е на прагот, иако на дамите не им се бројат годините, освен ако не ги потенцираат самите, како што таа тоа го направила во последниот свој споделен предроденденски пост на Фејсбук.  И тоа во нејзин стил… Со саркастична порака, како своевидна роденденска честитка на самата себе си:

„Бубе го болел меот за у војска, а води држава. Градоначалничката се претвори во Ума Турман во Кил Бил, а градот се распаѓа.
Семејно насилство на секој чекор, среќа уште немаме интервју со сериски силувач.
Случајно немаме струја по цел ден, ама имаме екстерни пуњачи да пратиме што се дешава по социјални мрежи.
Интолеранција на глутен е соу лест сизн, сеа сме сите алергични на кашкавал.
Ќе полнам 38 за некој ден, вака убаво не сме живееле па не памтам од кога?“ – напиша Миа Костова во предроденденскиот пост како роденденска честитка за себе и осврт на „надреалната реалност“ во кој го дочекува денот што го чекаме цела година, по 38 пат во животот.

Нејзе, среќен 38-ми, а нам… „Среќна Нова 49-та“!

Фото: Фејсбук принтскрин/Миа Костова

 

 

Останати вести од Радио Милева