Радио Милева
без влакна на јазикот

Миа Костова седна на „Жешко столче“: „Многу често знам сама себе да си се ставам во оган“ (видео)

Миа Костова седна на „Жешко столче“: „Многу често знам сама себе да си се ставам во оган“ (видео)

Поранешната водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова е позната дека нема влакна на јазикот, секогаш си го кажува своето мислење, а посебно е гласна периодов со новите мерки за заштита од Ковид 19.

Често на социјалните мрежи односно Фејсбук го изнесува својот став, мислење….

Овој пат, Костова беше гостин во „Жешко столче“ и одговараше на „жешки“ прашања.

Важиш за доста контраверзна личност, без влакна на јазикот, ти го прави тоа животот поедноставен?

-Не, напротив. Често знам сама себе да си се ставам во оган заради тоа што имам мислење кое што од друга страна не можам да си го задржам за себе. Многу често не можам да преќутам. Меѓутоа, тоа често придонело да бидам на мета на новинари, портали, на преписки на Твитер, но со тек на време се научив да се носам со сето тоа да искоментира секој што има интернет.

Често го креваш гласот кон мерките што ги носат, се плашиш ли од последиците?

-Не се плашам од последиците, затоа што ако никој за ништо не одговара во оваа држава, а реално се случуваат многу пострашни работи од тоа Миа да искоментира, верувам дека не би имала некои последици.

-Исто така можам да кажам дека не сум антиваксер. Кога се во прашање вакцини, многу сум се консултирала со стручни лица и во времето кога го вакцинирав Андрија. Мислам дека антиваксерските теории многу често поддржуваат лепење на паричка, чипирање….јас тоа никогаш не сум го изјавила. Исто така одиме на лекар кога имаме проблем, и јас и Андрија и сите по дома. Конкретно, ако зборуваме за Ковид вакцинацијата станува збор за нешто што не е испитано, а на крајот излезе и дека е така. Прво требаше да биде комплетна заштита, сега веќе не е. Јас едноставно барав да се одговори на некои прашања особено откако стапија луди мерки на сила“, додава Миа.

Екс водителката откри зошто заврши и љубовта со естрадниот магазин Бекстејџ каде што таа беше водителка.

„Прво, мислам дека беше презаситена публиката и јас од Бекстејџ. Најреалната теорија за прекинувањето беше тоа што на сцена доаѓа некои нови млади деца, за кои често знам да кажам дека „можам да ги родам“, а не па да ги најавам и не знаев за кого се работи. Новите „клинци“ кои супер функционираат им треба млада публика, еден водител кој е на нивно ниво и кој подобро ќе ги презентира.

Миа откри дека со инфлуенсерството заработува многу добро, како никогаш досега и откри дека планира да го разработи својот Инстаграм профил.

Приватниот живот не го криеш од јавноста, но дали си во врска со Тијана?

-Јас не би имала проблем да одговарам на ова прашање. Меѓутоа, јас морам да има обѕир дека не се работи за јавна личност која што можеби не сака да се носи со ништо што не е врзано со мене, така да ќе остане на тоа дека стварно вистински е многу добар дел од се она што е на Инстаграм кај мене.

Сите знаат дека си би, но што е пресудно за изборот на полот?

-Пресудна е енергијата. Пакувањето не ми е толку важно колку што ми е важна енергијата, односно поврзаноста.

Миа зборуваше и за својот син Андрија, таа потенцираше дека е строга, но праведна мајка, дека е горда колку е воспитан нејзиниот син Андрија.

Целото интервју погледнете го видеото подолу.

Останати вести од Радио Милева