Радио Милева
промена

Миа Костова се одлучи за голема промена, од крајниот резултат таа е воодушевена, а вас како ви се допаѓа? (фото)

Миа Костова се одлучи за голема промена, од крајниот резултат таа е воодушевена, а вас како ви се допаѓа? (фото)

Mиа Костова, некогашната македонска водителка, а сега добро позната инфлуенсерка која нема влакна на јазикот, јасно го кажува својот став и мислење, посебно последниот период за мерките за заштита од коронавирусот.

Како инфлуснерка таа е активна на Инстаграм, каде редовно ги рекламира своите пријатели – брендови, одговара на прашања, ги известува своите следбеници за нејзините активности.

Миа летниот период го помина во Албанија каде што беше три месеци и беше дел од маркетингот на „Havana Beach“. Таа, како и за се што прави, редовно ги информираше следбениците како го поминува времето, често споделувајќи фотографии од плажа.

Откако се врати одморена, Миа се одлучи и да направи промена. Имено, како што претходно најави дека ќе прави надоградба на својата коса, епа речено – сторено.

Имено, екс водителката пред неколку дена направи надоградба на својата кратка руса, па сега има значително многу подолга коса од претходно.

Таа истакна дека сакала да има долга коса, но за да нејзината природна коса ја достигне должината која таа сака ќе биде потребно 7,8 години, па затоа се одлучила за овој чекор.

Миа со крајниот резултат се пофали на социјалните мрежи, па таа беше воодушевена од промената, а и расположено одговараше на нејзините следбеници на сите прашања.

Како ви се допаѓа новата Миа?

фото: инстаграм/миа костова

Останати вести од Радио Милева