Радио Милева
заврши „под нож“...

Миа Костова повеќе не изгледа исто: Инфлуенсерката замина на операција при чиста свест, по која и самата е… „падната во несвест“ (ФОТО+ ВИДЕО)

Миа Костова повеќе не изгледа исто: Инфлуенсерката замина на операција при чиста свест, по која и самата е… „падната во несвест“ (ФОТО+ ВИДЕО)

Миа Костова, водителка, а сега можеби и најпознатата македонска инфлуенсерка, покрај сето останато што јавноста го знае за неа, позната е како некоја која не се плаши ниту срами да се подложи на чести трансформации.

Од бринета и црнка до русокоса, од кратка фризура до долга коса, од „рамна предница“ до цицлеста убавица… кога е изгледот во прашање, па се до промената на навиките, определбите, професијата… Едноставно Миа Костова е жена која не стравува од промени.

@miandrija♬ original sound – TreQevol

Особено кога нешто сака или мора да промени на себе, подготвена е на ризик, зашто како што велат: „На ризик се познава шизик“, а таков како неа, ретко се сретнува.

Затоа, откако си ја заврши најпрвин приватната обврска, да си ја одработи дневната доза гимнастика во теретана, замина да ја одработи и онаа – работната, огледана во ангажманот: Традиционална водителка на настанот –  „Маж на годината“.

Потоа го бакна својот маж на животот и замина…

Овој пат дали мораше или сакаше русокосата не кажа, ама затоа покажа со својата нераздвојна половина, каде тргнала и со каква намера. Страв – не страв, Миа Костова заради неодолива желба или неодложна потреба замина во една клиника каде заврши „под нож“.

Инфлуенсерката замина на операција при чиста свест, по која и самата беше… „падната во несвест“!

Од резултатот секако, кој допрва ќе исплива на површина, па русокосата за некој ден ќе ја видиме во вистинско светло, односно што тоа на себе коригирала, конкретно!

Вака во полумрак, можеме само да насетуваме и погодуваме, иако едно е сигурно, колку на прв поглед и да не се гледа јасно и бистро: Миа Костова повеќе нема да изгледа исто!

Фото: Инстаграм принтскрин/miandrija

Видео: ТикТок/miandrija

 

Останати вести од Радио Милева