Радио Милева
најдобро друштво

Миа Костова доби засилување на одмор во Албанија: Пристигна најважната жена во нејзиниот живот (фото)

Миа Костова доби засилување на одмор во Албанија: Пристигна најважната жена во нејзиниот живот (фото)

Екс водителката, а сега инфлуенсерката Миа Костова летово го поминува надвор од Македонија односно во соседна Албанија.

Имено, уште пред да започне летната сезона таа најави дека нема да биде во Скопје. Така, уште во јуни ги спакува куферите и заедно со нејзината пријателка, како и синчето Андрија замина во соседството.

Миа таму е ем работно, ем одмара. Поточно кажано таа е дел од маркетингот и пр-от на „Havana beach“.

Водителката не пропушта секојдневно да објавува фотографии покажувајќи како го поминува времето, делејќи препораки, совети, одговарајќи на прашања на нејзините следбеници.

Како што најави на едно „Инстаграм стори“, ако се биде како што треба таму ќе остане до крајот на август.

Кој не би сакал да биде на работен одмор и речиси цели три месеци, посебно по стресот, стравот по пандемијата со коронавирусот да се одмара и ужива на плажа.

Додека ужива под зраците на сонцето, во освижителни летни коктели и бара спас од силните горештини, Миа овој пат на одмор доби засилување.

И тоа не било какво засилување, туку една од најважните жени во нејзиниот живот односно нејзината мајка.

Водителката во кусите приказни на „Инстаграм“ објави селфи со госпоѓа Оливера, па покажа кој и дојде на „гости“ на одмор, но и покажа од кого ја наследила убавината.

Нема сомнеж дека мајката на Миа е права бомба за нејзините години.

На нејзините фотографии на Инстаграм на кои позира во бикини, изгледа секси и згодно, како времето да застанало за неа. Многумина помлади девојки можи само да и позавидат на витката линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivera Dilindarski (@dilindarski_o)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivera Dilindarski (@dilindarski_o)

Убав одмор женски!

фото: принтскрин/инстаграм/миаандрија

Останати вести од Радио Милева