Радио Милева
еден тагува, илјадници се радуваат...

Миа Калифа по втор пат се разведува: Најпосакувана „порно пензионерка“ повторно е сингл (ФОТО)

Миа Калифа по втор пат се разведува: Најпосакувана „порно пензионерка“ повторно е сингл (ФОТО)

Ѕвездата на филмовите за возрасни, поранешната порно актерка Миа Калифа (28) одново е сингл. „Омилена порно-пензионерка“, на радост на машкиот дел од обожавателите, се разведува од сопругот по две години брак.

Актерката ја објави оваа вест на Инстаграм, наведувајќи дека не станува збор само за еден проблем, како и дека таа и таа, сега веќе поранешен сопруг, останале во добри односи.

„Можеме самоуверено да кажеме дека се обидовме сè за да успее нашиот брак, но по речиси една година терапија и работа на тоа, раскинуваме, знаејќи дека секогаш ќе бидеме пријатели и дека навистина дадовме се од себе. Секогаш ќе се сакаме и почитуваме, бидејќи знаеме дека не само еден внатрешен проблем е причина за нашето раскинување, туку кулминација на нерешените, клучни разлики за кои не можеме да се обвинуваме едни со други“ – напиша Миа.

“Го затвораме ова поглавје без жалење и двајцата започнуваме одново, одделно, но нè обврзува неверојатно семејство, пријатели и љубов кон нашите кучиња. Ова требаше да се случи многу одамна, но ние сме среќни што поминавме време заедно и го направивме тоа најдобро, и можеме да  кажеме дека дадовме сè од себе “, додаде таа во изјавата.

Миа Калифа и Роберт Сандберг се свршија во март 2019 година, а се венчаа во јуни истата година. Тие редовно објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи, но љубовта не траеше.

Ова беше втор брак на порно sвездата, бидејќи нејзиниот прв сопруг и беше љубов од средно училиште, со кого исто така беше во брак само две години.

Фото: Инстаграм принтскрин/miakhalifa

 

Останати вести од Радио Милева