Промотер

Мето Ди Флеш во новото видео појаснува зашто сме – „Позитивни негативно“ (ВИДЕО)

Мето Ди Флеш во новото видео појаснува зашто сме – „Позитивни негативно“ (ВИДЕО)

Песната „Позитивни негативно” е четвртата авторска песна на нашиот познат музички уметник Мето Ди Флеш која доаѓа со видео запис како и претходните.

Мето Ди Флеш се потпишува како комплетен автор на текстот, музиката и аранжманот. Песната е снимена  во неговото студио во Струга. Прридружните вокали се на Марија Мечкароска и Анастасија Поповска и ја истакнува он-лајн соработката со повеќе музичари од целиот свет.

Песната е напишана како што вели тој во еден здив. Зборува за актуелното време кое го живееме, пандемијата која наместо да не зближи не раздели еден од друг. Луѓето кои се занимаваат со музика и уметност се и беа најпогодените од новонастанатата состојба.

„Нема ништо полошо од тоа некој да ти забрани да го работиш тоа што го сакаш и тоа што те прави среќен“  – вели Методи. „Новото ‘нормално’ ништо добро не ни донесе туку напротив како се повеќе луѓето да сме спротивставени меѓу себе“.

Тој упатува порака повеќе да се сакаме,почитуваме и вистински да бидеме позитивни, а негативни на ковид тест.

„За видеото да изгледа светски се погрижи Мухамед Манте кој повеќе месеци работеше на него. Го нацрта Њујорк, поштено се изнаработи па од видео студиото Флеш на Самир Демиши директно ме стави во центарот на светот“ – вели Методи повикувајќи вре да ги проследите песната и спотот.