Промотер

Meto Di Flash со празничен музички подарок, зашто добро знае дека тоа – „Среќа е“ (ВИДЕО)

Meto Di Flash со празничен музички подарок, зашто добро знае дека тоа – „Среќа е“  (ВИДЕО)

Познатиот македонскаи музичар, стружанецот  Методи Поповски попознат под своето уметничко име Meto Di Flash извади супер музички подарок за Божиќните празници за сите вљубеници во добрата македонска музика, неговата нова песна „Среќа е“.

 

„Среќа е да бидеш со твоето семејство. Среќа е да сакаш и да бидеш сакан. Уште поголема среќа е кога можеш да запееш со своите најблиски. Овие се моите пријатели кои исто така ми се како и семејство. Немаат професионално музичко искуство, но пеат од срце и душа, никогаш не ме оставаат сам и за нив ја напишав мојата нова песна „Среќа е“. Среќни празници на сите и бидете среќни“ –  порача Meto Di Flash на неговиот профил на Facebook.

Песната има вистински празничен звук, направена е во рок манир и е само продолжување на сингловите кои тој ги издава последниве години наназад. Комплетен автор на песната ( музика, стихови, аранжман, продукција, микс и мастеринг) е самиот тој, а истата и е снимена во неговото музичко студио „Флеш“.

„Среќна си ти, среќен сум јас, среќа е да пееме сите на глас. Кога среќна си ти, среќен сум јас, среќа е да бидеме сите заедно до крај“ – порачува стружанецот Meto Di Flash во песната „Среќа е“ за која е изработено и видео кое можете да го проследите во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Промотер