Радио Милева
Медиумска претпоставка или вистина?

Месец дена по разводот Јелена Карлеуша во прегратките на друг маж?!(фото)

Месец дена по разводот Јелена Карлеуша во прегратките на друг маж?!(фото)

Кој е новото момче на Јелена Карелуша и дали пејачката навистина нашла љубов по разделбата со фудбалерот Душко Тошиќ, како што се тврди во медиумите, е прашањето на денот што сите ги интригира. Шпекулациите за новиот емотивен почеток на поп-ѕвездата само продолжуваат, а се започна по фотографија направена на забава во Белград на која таа лудо се забавувала во присуство на своите пријатели.

Имено, Јелена ја посетила забавата со нејзината колешка Милица Павловиќ и долгогодишниот соработник Немања Бирташевиќ, а своевремено на уметниците и нивниот пријател им се придружила поголема, главно машка група.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)


Сите навистина добро се забавуваа, а деталите од забавата беа овековечени со фотографии кои пејачката ги сподели со своите следбеници на „Инстаграм“. Токму една од нив ги заинтригира медиумите и јавноста. На неа Јелена позира додека згоден маж ја држи неговата рака околу нејзината половина.

Многумина ова го коментираа како случајност, а некои сметаат дека е ладна одмазда што Карлеуша му ја сервира на поранешниот партнер за одлуката да го напушти семејството. Засега не е познато дали споменатото момче е нов партнер на Јелена Карлеуша или е само еден од пријателите во чие друштво уживала во споменатата вечер.

фото:Инстаграм/Јелена Карлеуша

Останати вести од Радио Милева