Радио Милева
Не личи на себе

Мелани Грифит беше секс симбол во 80-тите, а денес никој не ја ни препознава (фото)

Мелани Грифит беше секс симбол во 80-тите, а денес никој не ја ни препознава (фото)

Американската актерка Мелани Ричардс Грифит за неколку денови ќе полни 65 години, а некогашниот секс симбол од 80-тите, денес изгледа непрепознатливо.

Причината за тоа е што била подложна на пластични операции, поради кои не личи на себе. Некогаш широката насмевка ѝ беше заштитен знак, а денес речиси и да не ги мрда устата и образите, бидејќи сепак многуте операции си го направиле своето.

Со неполни 65 и понатаму зрачи со убава енергија, а позитивни пораки често им испраќа и на своите обожаватели на социјалните мрежи.

Мелани Грифит веќе двапати се бореше со опасниот рак на кожа. Првпат заболе во 2009 година, кога ракот ѝ се појавил под окото, а во 2017 година ѝ се појавил на носот. Токму поранешниот сопруг Антонио Бандерас во текот на целиот тој период ѝ бил голема поддршка.

Стела, ќерката која ја доби со Бандерас, моментално го избегнува актерството. И покрај тоа што нејзините родители се занимаваат со таа професија, а нејзината баба Типи Хедрен била холивудска легенда и муза на Алфред Хичкок, таа решила да стане модел и заедно со мајка си ја краси насловната страница на Вог.

Нејзината ќерка Дакота Џонсон имавме можност да ја видиме во филмот „Педесет нијанси сиво“, а освен среќните семејни моменти, јавноста се сеќава и на нивните јавни расправии. Најмногу ќе се памети нивната кавга пред камерата на Оскарите кога Мелани рече дека нема да го гледа филмот поради жешките сцени во него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MELANIE (@melaniegriffith)

Мелани со Антонио ја има ќерката Стела, а од првиот брак со Дон Џонсон, ги има Дакота и синот Александар. Нејзината актерска кариера остана во сенка на бракот со латинскиот заводник Антонио Бандерас, кој траеше од 1996 до 2015 година. Парот беше многу интересен за јавноста и поради нивните чести изјави за тоа дека имаат многу добар сексуален живот.

Мелани е најпозната по улогата во романтичната комедија The Busy Girl, во која глумеше заедно со Харисон Форд. Таа беше наградена со Златен глобус за таа улога во 1989 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MELANIE (@melaniegriffith)

Мелани Грифит е ќерка на омилената актерка на Хичкок, Типи Хедрен. На само 18 години храбро застанала пред камерите и позираше целосно гола за Плејбој.

фото:Instagram

Останати вести од Радио Милева