Радио Милева
не им се допаднало

Meган Maркл и принцот Хари ја одбиле тутулата гроф за синот Арчи – еве зошто

Meган Maркл и принцот Хари ја одбиле тутулата гроф за синот Арчи – еве зошто

Меган Маркл и принцот Хари ја одбиле титулата гроф за синот Арчи. Додека некои се согласуваат со нивниот став, други мислат дека тоа е арогантан став.

Со години се шпекулира за кралската титула на Арчи, а од неодамна и за Лилибет, децата на Меган Маркл и Хари.

Кога Меган Маркл се породи со синот Арчи се зборуваше дека ќе ја добие титулата принц, но тоа не се случи.  Самата Меган во интервјуто за Опра Винфри ги покрена гласините дека тоа е така поради „бојата на кожата“ на нејзиниот син.

Меѓутоа, од кралската палата ги демантираа овие пишувања.

„Тоа нема врска со бојата на кожата. Според кралскиот протокол кој го воведе кралот Џорџ В само оние кои се во линијата за наследување може да ја добијат титулата принц или принцеза“, вели изворот.

Во последните денови за ова проговори и кралскиот експерт, Ендру Мортон.

Тој истакна дека Меган и Хари одбиле нивниот син да не добие никаква титула. Парот можел за наследникот да ја одбере титулата гроф од Дамбертон, но не прифатиле.  Имено, наводно тие се откажале за да не му смеат на момчето.Зборот dumb на англиски значи „глуп“, а тоа не им се допаднало на неговите родители, па не ја прифатиле титулата.

фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia/EPA-EFE/NEIL MUNNS

Останати вести од Радио Милева