Мегафон
фестивал

„Земјотрес 8“ во МКЦ

„Земјотрес 8“ во МКЦ

Земјотрес во Скопје удира токму во миговите кога луѓето ќе го изумат чувството за заедништво. Кога ќе снема минимален заеднички интерес, кога моралот не е во мода веќе. Фестивалот Земјотрес е ритуал за јакнење на заедништвото на квалитетната македонска музичка сцена, со желба да покажеме релевантна содржина во време на инстант потрошувачка и вредности вон континуитет. Генерациите, музичките стилови, па и идеалите се менуваат, но алтернативната културна понуда е есенцијална за поттикнување на духот на новите, се побројни сограѓани со пософистицирани естетски потреби.


Земјотрес е директна комуникација помеѓу генерациите, музичките стилови и навидум различните интереси на нашите музичари. Широка платформа за презентација на едно постоење, но и постојана промена. Некомерцијален манифест во интерес на духовната и економска оправданост на нашето музичко шаренило. Вашето присуство е директна инвестиција во солидна иднина. Придружете ни се, заедно сме сцена. А, да…и сила.

Распоредот  на настапи ќе биде објавен по 25-ти јануари.

Земјотрес 8 – свежа домашна музика, сабота, 1-ви февруари 2020, почеток: 19:00, крај: 05:00 во  Младински културен центар.
Претпродажбата на влезници (во ограничен број) е започната на 8-ми јануари 2020 на билетара на МКЦ и на bileti.mkc.mk

На 8-мото издание на фестивалот ќе ги проследите настапите на:
BarumBarum
Blackstate
Conspiracy (fb.com/Conspiracymk)
Culture Development
Daktili
Dragi Ivanov
DS Collective
Filch
Флукс
Galatheia (fb.com/therealgalatheia)
Last Expedition
Mirko Popov
MvrSvr Production
PMG Kolektiv
Robotek
Sashko Kostov
Sethstat
Shock Troopers
Svetlost (fb.com/svetlost.mk)
Vidinovski
Voltaire Mani Al Hakim
Zulu 3.4