Мегафон
естрадата бара помош

Здружението на естрадни уметници: Имаме колеги кои се егзистенцијално загрозени

Здружението на естрадни уметници: Имаме колеги кои се егзистенцијално загрозени

По веста дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и препорачаа на Владата сите мерки да останат исти и да нема отворање на локалите, се јави и „Здружението на естрадни уметници со свој став, преку соопштение.

Тие ги информирале сите музичари дека е поднесено официјално барање до Владата, да изнајде решение за помош на најзагрозените припадници на музичката бранша во  Македонија.

„Факт е дека сите сме оштетени од оваа криза и тоа никој нема да ни го компензира. Некои од нас се вработени или осигурани по некоја основа, или имаат некаква заштеда, но најголемиот број немаат никаква заштеда! За жал, има колеги кои се егзистенцијално загрозени. Зависно од реакцијата на Владата за начинот и обемот на помошта ќе треба да се направи евиденција на оние на кои помошта им е најнеопходна. Во писмото исто така е побарано од државата по завршувањето на оваа криза во соработка со ЗЕУМ да започне процес на легализација на естрадната дејност. Штом ќе бидат одобрени јавни собири здружението ќе свика собрание на кое треба да донесеме важни одлуки“ – пишува во соопштението од страна на ЗЕУМ кое  на социјалните мрежи го споделуваат голем број на наши музичари.