Мегафон

Здружение за унапредување на правата на музичарите – „Музика сега“ на прес конференција ќе ги соопшти своите ставови и барања

Здружение за унапредување на правата на музичарите – „Музика сега“ на прес конференција ќе ги соопшти своите ставови и барања

Драги новинари, пријатели, колеги. Потребна ни е вашата поддршка во овој тежок период за нас.

Здружение за унапредување на правата на музичарите  ”Музика сега” и во име на КТ на 6-те активни музички здруженија, ве кани на прес конференција закажана за утре во 13 во клуб-ресторанот МКЦ. Имаме интересни работи да соопштиме и најавиме активности. Благодариме и ве очекуваме во солиден број.

П.С. Пресот ќе биде одржан по сите протоколи и бројот на присутни внатре во клубот ќе е ограничен. Ве молиме за поѕврда за присуство.

Кординативното тело на шесте сродни музички здруженија, составено од: ЗУПМ – Музика Сега, Здружение на Естрадни Уметници – Скопје, Охридски Музички Еснаф, Естрада – Битола, Естрада – Струмица и Сојуз на професионални музичари- Скопје кои што имаат потпишано меморандум за соработка на 30.01.2021 година во Охрид, кој вклучува и заеднички настап пред релевантните фактори во државава, по повод последните случувања а особено за 5-от пакет мерки и предлог протоколите од страна на угостителите, ве покануваме Вас, ценети те претставници од медиумите на заедничка прес конференција, која ќе се одржи во вторник 09.03.2021 година, во просториите на клуб-ресторанот МКЦ во Скопје, во 13,00 часот.

Барањата ќе бидат унифицирани и недвосмислени а ќе коренспондираат со моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите од цела држава бидејќи, независно на кој етникум и националност припаѓаме, сите ние сме во една моментно лоша и крајно незавидна состојба.
Барањата содржат три основни точки:

1. Реакција по повод 5-от пакет мерки за финансиска помош претставен од Владата
2. Став и реакција за последниот предлог од угостителите до Комисијата за заразни болести, посебно точката, каде се бара настаните да се одвиваат без жива музика и предлагање предлог протоколи до Комисијата за заразни болести.
3.Барање за прием во Министерството за култура, за излагање на проблемите кој се соочуваат музичарите и предлози за нивно што побрзо надминување.

Барањата ќе бидат адресирани до: Премиерот – Зоран Заев, Вицепремиерот – Фатмир Битиќи, Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за Култура, од кои очекуваме одговор најдоцна до крајот на неделата, односно 12.03.2021 година. Во спротивно, ќе бидеме приморани во време на пандемија нашите права да ги бараме по пат на протест, секако почитувајќи ги правилата и пртоколите при одржувањето на истите на јавен простор.
Почитувани новинари и медиумски куќи, искрено се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате на прес-конференцијата и ве видиме во што поголем број на истата.

Со почит, КТ на музичките здруженија:

ЗУПМ – Музика Сега,
Здружение на Естрадни Уметници – Скопје,
Охридски Музички Еснаф,
Естрада – Битола, Естрада – Струмица, Сојуз на професионални музичари- Скопје.

Останати вести од Мегафон