Мегафон
фестивал

„Здраво млади“ во МКЦ по 8-ми пат

„Здраво млади“ во МКЦ по 8-ми пат

За осмото издание на фестивалот „Здраво млади“, организаторите најавуваат 12-часовен хепенинг со нова музика, добро друштво и добра храна. Меѓу најавените артисти се американските состави „Сигаретс афтер секс“ и „Вуден шипс“, српскиот бенд „Репетитор“, германците „Камера“, потоа „Бленк мас“ и „Флохајо“ од  Англија, но и неколку македонски состави, театарска претстава и изложба на фотографии.

Целосната програма и редоследот на настапите е следен:

Кино Фросина
19:30 ЦРНИЛА РЕМИКС

Бина надвор
20:30 ПАЛИНДРОМ
21:45 РЕПЕТИТОР
23:15 CIGARETTES AFTER SEX
00:45 WOODEN SHJIPS

Бина Внатре
21:00 CAMERA
22:30 FLOHIO
00:15 BLANCK MASS
01:30 – 05:00 OGIE x PETR, DONPLAYA x BON PRASKIZA, DRUGGY

Бина Плато
19:00 DJ FITZ

Дансинг Сала
01:15 ERIC COPELAND

Инаку, билетите можат да се набават во претпродажба на билетарница на МКЦ и онлајн преку продажната мрежа на MkTickets. На денот на одржување на фестивалот, 1-ви септември, цената на билетите ќе биде поскапа од претпродажната.