Мегафон
R.I.P.

Замина уште една светска музичка ѕвезда: Пејачот на „Продиџи“ пронајден мртов

Замина уште една светска музичка ѕвезда: Пејачот на „Продиџи“ пронајден мртов

Почина Кит Флинт, главниот вокал на светската музичка атракција „Продиџи“. Светските медиуми објавија дека 49-годишниот пејач бил пронајден мртов во својот стан.

„Продиџи“ важеа за британскиот брејк-бит  бенд чија музика содржи различни стилови, почнувајќи од рејв и хардкор техно од раните 90-ти,  до алтернативен рок и биг бит со вокални панк елементи на подоцнежните албуми.

„Продиџи“ за првпат се појавија на  андерграунд рејв сцената во раните 90-ти години, а наскоро потоа доживеаја голема популарност и стана познати низ целиот свет.  Некои од нивните најпопуларни песни се: Charly, Out of Space, No Good, Voodoo People, Firestarter, Breathe, Girls и Smack My Bitch Up…!

Кит Флинт беше нивниот главен вокал и таначар кој важеше заштитно лице на групата.