Мегафон
тажна вест

Замина уште една актерска легенда: Почина хрватскиот глумец Иво Грегуревиќ

Замина уште една актерска легенда: Почина хрватскиот глумец Иво Грегуревиќ

Иво Грегуревиќ, еден од најпознатите хрватски актери, почина на возраст од 67 години, објави ХРТ. Според “Утрински лист”, засега нема информации за причините за смртта.

Иво Грегуревиќ е роден во Доња Махала (Орашје) на 7 октомври 1952 година. По завршувањето на средното образование, се запишал на Академијата за драмски уметности во Загреб, а дебитирале на филм во 1977 година, во “Не се навалувај нанадвор”.

Тој играл во филмски  во остварувања како “Осудениот”, “Кралска завршница”, “Животот со стрико”, “Вело мисто”, “Чаруга” и други. Грегуревиќ е добитник на најпрестижната награда  Владимир Назор и зад себе има играно во повеќе од 90 филмови, 19 телевизиски серии и 30-ина театарски претстави.