Мегафон

Закажан и трет концерт за „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски (ВИДЕО)

Закажан и трет концерт за „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски (ВИДЕО)

Заради големиот интерес за концертната промоција на новиот албум на Влатко Стефановски, „Мајчин јазик“, кои ќе се одржат на 17 и 18 март, закажан е и трет концерт што ќе се одржи на 20 март. Првиот е веќе распродаден, а сè уште има влезници за оној на 18 и за 20 март. Влезниците  можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Специјални гости на концертите ќе бидат балканската етно-дива Биља Крстиќ, сопранот Весна Гиновска Илкова и популарната група „Љубојна“.

За новиот проект, но и за својата животна приказна, Стефановски зборува во новата епизода од емисијата „Улица Македонија“, која премиерно се прикажа минатата сабота, 10 март, на телевизија „24“ со почеток од 14.35 часот.