Мегафон
светот во шок

Загина Ла Шон Даниелс, текстописецот на Бијонсе, Витни Хјустон, Лејди Гага, Џенифер Лопез, Мајкл Џексон…

Загина Ла Шон Даниелс, текстописецот на Бијонсе, Витни Хјустон, Лејди Гага, Џенифер Лопез, Мајкл Џексон…

ЛаШон Даниелс, текстописецот наградуван со Греми наградите почина по сообраќајна несреќа на 41 годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Даниелс пишуваше песни за Бијонсе, Витни Хјустон и Лејди Гага, а Греми наградата ја доби во 2001 година како текстописец за песната „Say My Name“ на Дестини Чајлдс.

Тони Брекстон, Џенифер Лопез и Мајкл Џексон се само дел од имињата со кои познатиот американски текстописец има соработувано.

Веста за неговата смрт ја соопштенила неговата сопруга преку писмено известување.

На социјалните мрежи целата музичка американска сцена се простува од Даниелс.