Мегафон

Заеднички концерт на Дамјан Пејчиноски квартет и Џон Илија Апелгрен во Охрид

Заеднички концерт на Дамјан Пејчиноски квартет и Џон Илија Апелгрен во Охрид

В четврток, 9 август, на плажата „Куба либре“ во Орид заеднички концерт ќе одржат Дамјан Пејчиноски квартет и Џон Илија Апелгрен, а специјален гостин ќе им биде бугарскиот виолинист Љубомир Тулумбаџиев.

Заедно со нив ќе свират и Иван Петровски на ритам-гитара и Горан Гешовски на бас-гитара.

Концертот е отворен за сите љубители на музиката на овие виртуози, а почетокот е закажан во 22.00 часот.