Мегафон

За прв пат Скопје – „Drum Fest 2020“ во МКЦ

За прв пат Скопје – „Drum Fest 2020“ во МКЦ
Првиот Skopje Drum Fest во Македонија ќе се одржи во МКЦ на  31.10.2020 година. На него ќе настапат следниве артисти: Виктор Филиповски, Влатко Нушев, Драган Теодосиев, Александар Ванчовски.
Оpening act: Антоние Весковски! Почетокот е закажан за во  19 часот.
Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, достапни билети можат да се подигнат на билетарата на МКЦ или да се резервираат на тел. +389 2 3115225.
Настанот ќе биде проследен и со видеостриминг за сите оние кои не можат да присуствуваат на истиот.
*Фестивалот ќе биде спроведен согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.