Мегафон

Време е за новата сезона: „Конами“ го издаде новиот „PES 2020“

Време е за новата сезона: „Конами“ го издаде новиот „PES 2020“

По најавата на Konami, во вид на прв трејлер за „Pro Evolution Soccer 2020“, дене с е датумот за кој е закажано излегувањето на една од најпопуларните фудбалски симулации.

Во трејлерот можевте да ги видите Лионел Меси, Андрес Иниеста и Роналдињо како зборуваат за фудбалот од нивна гледна точка. Помеѓу најавите за новата видеоигра се новите механики за движење на играчите, физиката на топката, како и некои дополнителни технички подобрувања.

Помеѓу најавите е и редизајн на Master League – еден од најпопуларните модови за играње на „Pro Evolution Soccer“ во текот на изминатите десетина години. Овојпат ПЕС 2020 ќе биде со нешто поразлично име – eFootball PES.

Од Конами најавија дека во новата верзија ќе има доста новини помеѓу кои се нови техники за дриблинг, како и некои тактички новини со кои секој играч може да се прилагоди според своите желби.

Исто така, се работеше и на појасно движење на играчите, како и во пас играта.

Додавањата и шутевите нема да бидат еднакви кога додавате или шутирате додека сте сами и додека сте под притисок на противникот.


Соиграчите на теренот ќе бидат свесни кој играч ја има во посед топката и ќе се однесуваат соодветно на неговите вештини. На пример, топката ако ја има добар дриблер, соиграчите ќе очекуваат дриблинг и свесно ќе се рашират по теренот за да не му попречуваат. Што се однесува за перформансите во прилика за дриблинг, во ПЕС 2020 пристигнаа потезите на Роналдињо, па топката можете да ја поставите и на грбот, како што тоа своевремено го правеше Роналдињо.


Како што рековме датумот кога е предвидено да излезе новата ПЕС е токму 10.09. 2019 година, а играта ќе биде достапна за PlayStation 4, Xbox One и за PC (Steam).