Мегафон

Во продажба дел од влезниците за „Златна бубамара на популарноста 2018“

Во продажба дел од влезниците за „Златна бубамара на популарноста 2018“

„Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа  21. издание на Златна Бубамара, кое не смеете да го пропуштите. Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24 јануари преку  МК тикестс во точно 12.30 часот и во неколку познати продажни места за билети за кои дополнително ќе ве информираме“, соопштија организаторите на популарната манифестација, која годинава ќе се одржи на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Сè уште не се познати многу детали околу годинашната програма бидејќи, како што се вели во  соопштението, „сценариото, наградените  и учесниците се наше дискреционо право“, а повеќе детали се очекуваат наскоро.