Мегафон
забрането по влечки

Внимавајте како возите во Грција, глобите се астрономски дури и за банални прeкршоци

Внимавајте како возите во Грција, глобите се астрономски дури и за банални прeкршоци
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Според законските прописи во Грција, за возење во влечки се предвидува парична казна од 50 евра, но уште полошо е што полицијата може да ја земе возачката дозвола на еден месец поради овој прекршок.

Ова е особено непријатно за нашите туристи што патуваат со автомобил во некои од грчките летувалишта.

Возењето во влечки, папучи, апостолки  или отворени чевли ( сандали) е забрането бидејќи може да му пречи на возачот за време на маневрирањето, а полицијата, освен главните патишта, ги контролира и приодите кон плажите.

Грчката сообраќајна полиција ригорозно казнува и за алкохол, неврзување појас и пушење во возилото во присуство на деца, објавија грчките медиуми.

Најинтересно е дека полицијата може да ве казни и за  банална причина: доколку немате резервни очила. Ова се однесува за оние возачи кои мораат да возат со очила и со истите се фотографирани на возачката дозвола. Полицијата покрај другите неопоходни рабооти што морате да ги имате во автомобилот треба да поседувате и резервни очила.

• врзување на сите ремени е задолжително
• задолжителен е триаголник
• задолжителен е противпожарен апарат
• задолжителна е прва помош

Ова се глобите за најчестите прекршоци и нивната висина:

• недозволено паркирање – 40 до 80 евра
• превисока брзина – од 40 до 750 евра
• неврзани ремени – 350 евра
• непочитување на пешаците – 200 евра
• возење во алкохолизирана состојба – од 0,5 до 0,8 промили -78 евра, од 0,8 до 1,1 промили – 156 евра, над 1.1 промили – 625 евра

• опасно возење – 700 евра
• користење на мобилен телефон при возење – 100 евра