Мегафон
Концерт

Влатко Стефановски на 1-ви август во „Антички“ во Охрид

Влатко Стефановски на 1-ви август во „Антички“ во Охрид

Нашиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски го најави својот концерт на 1 август во „Античкиот театар“ во Охрид, на кој ќе настапи со гостите и негови пријатели: кавалџијата Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, пејаката Биља Крстиќ од Србија, нашата оперска дива Весна Гиновска Илкова и македонската етно група „Љубојна“. Посетителите ќе можат да уѓживаат во изведбата на материјалот од неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“.

„Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни“, рече на денешната прес-конференција Стефановски. Додаде дека е оптимист и очекува добро време за охридскиот концерт. За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него.

Одговарајќи на новинарско прашање, Стефановски рече дека еден од мотивите за организирање на овој концерт е за да се спротивстави на „тоа сè и сешто што доаѓа и што настапува токму овој датум.

И би сакал да ја имаме таа среќа да влеземе во празникот, 2 август – Илинден, заедно со последните нумери од концертот“, рече Стефановски.

 

Извор: Нова Македонија