Мегафон
манифестации

Влатко Стефановски, „Љубојна“ и Дуке Бојаџиев со концерти на „Охридско лето“

Влатко Стефановски, „Љубојна“ и Дуке Бојаџиев со концерти на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ ја објави програмата за своето 59. издание што ќе се одржува од 12 јули до 11 август годинава и во чии рамки публиката ќе може да ужива со бројни концерти, театарски претстави и изложби. Како што беше најавено неодамна, фестивалот ќе го отвори славната британска виолинистка Ванеса Меј, која ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската опера и балет и под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров.

Освен бројните гости од светот, со свои концерти ќе се претстават и едни од најпопуларните македонски музичари како што се Влатко Стефановски, „Љубојна“ и Дуке Бојаџиев. Легендарниот гитарист ќе настапи на 4 август, етно-групата на седми, а композиторот со адреса во Њујорк на осми август. Трите концерти традиционално ќе се одржат во Античкиот театар.

Целосната програма можете да ја видите на официјалната веб-страна на „Охридско лето.