Мегафон

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 31 јули со концерт во „Хераклија“ – Битола

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 31 јули со концерт во „Хераклија“ – Битола

Легендарниот македонски музичар Влатко Стефановски и неговиот српски колега Мирослав Тадиќ на 31 јули ќе одржат концерт во археолошкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола.

Со концертот на овие двајца врвни музичка мајстори ќе биде означено  свеченото затворање на годинашното, 49. по ред издание на фестивалот „Илинденски денови 2019“. Концертот е и во рамките на битолското културно лето „Битфест 2019“.