Мегафон

Влатко Стефановски го промовираше својот „Мајчин јазик“ во Белград

Влатко Стефановски го промовираше својот „Мајчин јазик“ во Белград

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски, во Белград го промовираше својот најнов албум со наслов  „Мајчин јазик“, кој е снимен во минимални технички услови. Албумот е објавен кон крајот на минатата година за хрватска продуцентска куќа.

Гостувајќи во емисиии на РТС, но и на прес-конференција пред неговиот концерт во Белград, кој е закажан за 2 април, Стефановски рече дека албумот е снимен и направен за 4 дена, но со материјал кој го собирал и складирал во својата глава во изминатите 20 години.

„Мајчин јазик“ ќе биде премиерно претставен и пред македонската публика на 17 март, а на концертот што ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, специјални гости ќе бидат групата „Љубојна“ и балканската етно-дива Биља Крстиќ.