Мегафон
преку океанот

Влатко Лозаноски со концерти низ САД и Канада: „Километри ќе брои, за турнеја што се памти“ (ФОТО)

Влатко Лозаноски со концерти низ САД и Канада: „Километри ќе брои, за турнеја што се памти“ (ФОТО)

Најголемата  македонска музичка поп ѕвезда Влатко Лозаноски заминува на голема концертна турнеја во САД и Канада! По големите концерти во Скопје и низ Македонија, на барање на нашинците во дијаспората„преку големат бара“, нашата најголема музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски на почетокот на март лета на голема турнеја преку океанот.

Лозано ќе одржи неколку концерти во најголемите градови каде живеат Македонци, а интересот досега е незапаметен како никогаш досега. Организаторот на турнејата, вели дека иселениците со нетрпение ги очекуваат закажаните концерти во Чикаго, Колумбус, Детроит, Њу Џерси и Торонто.

„Помина само еден ден откако официјално објавивме дека заминувам на турнеја во Америка и Канада и верувајте дека мојот мобилен телефон не престанува да ѕвони. По се’ изгледа дека покрај најавените концерти, со нашинците ќе можеме да се видиме и уште во неколку други градови во САД“ – изјави тој.

Влатко на настапите ќе биде придружуван од неколкумина професионални музичари, а покрај неговите најголеми хитови како „Километри“, „Јако, јако“, „Мајко“, „Ова лето ќе се памети“, „Сонце не ме грее“, „Надеж“, „Не те вадам од памет“ и многу други, на концертите Лозано ќе ги запее и избор од најпознатите македонски народни песни.

„Се радувам што за првпат ќе настапувам пред многубројната македонска публика во Америка и Канада. Годиниве наназад  имав доста понуди оттаму, но сметам дека сега е вистинско време за една голема турнеја. Со нетрпение очекувам да дојде март и да започнат концертите. Она што е интересно, откако објавивме на социјалните мрежи дека ќе одржам неколку концерти ми пристигнаа многу пораки и од Срби, Босанци, Хрвати, па и Бугари… кои ми кажаа дека ќе бидат дел од публиката“ – вели Лозано.

Инаку Влатко  без лажна скромност несомнено важи за најголемата музичка поп ѕведа во Македонија последниве неколку години. Доказ за тоа беше и преполната спортска арена „Борис Трајковски“ во март, минатата година, потоа следea и концертите низ останатите градови низ цела Македонија, а исто така беше и единствениот македонски артист кој одржа успешен концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Тој пред само неколку недели, Влатко во Белград на големиот музички настан во Јужна Европа – „МАЦ“, ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера во целиот регион за песната „Мајко“.