Мегафон

„Вино на штикли“ ја покажа убавината на опуштеното живеење (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Вино на штикли“ ја покажа убавината на опуштеното живеење (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во средата, 3 јуни во винскиот бар и ресторан „Форца“ се одржа најавениот вински настан, насловен „Вино на штикли“.

На овој трет по ред винско-музичко-моден настан освен дегустацијата на различни врсти на вина од македонски и странски винарии по супермаркетска цена на чинење, гостите  има можност да проследат уште неколку различни забавни перформанси.

А таа вечер во „Форца“ вриеше како во вински казан, па во преполниот локал во кој местата неколку дена однапред веќе беа резервирани, се појавија голем број јавни и познати личности, но и оние кои уживаат во дегустацијата на сортни вина, во добро друштво, уште подобар амбиент и совршена забава.

За неа и годинава се погрижија поп пејачката Викторија Лоба која за оваа прилика носеше специјално сошиен костим од познатата македонска модна креаторка Моника Коцарева.  Лоба со својот бенд во живо направи избор од сопствените, домашните и светските хитови со кои ги забавуваше присутните. Атмосферата ја надополни и ДЈ Бранчез со своите допадливи ДЈ сетови, па обата уметници винската дружба ја претворија во општа журка, забава која долго ќе се памети и за која секоја година се зборува и бара место повеќе.

Уште еден доказ дека во виното е вистина, но и убавината на опуштеното живеење и дискретниот шарм на урбаната градска култура, зачинета со дружење и забава за сите сетила.

ФОТОГАЛЕРИЈА: