Мегафон
карневалска програма

Вевчанскиот карневал со „Баклава“, „Архангел“, Неша – „Галија“…

Вевчанскиот карневал со „Баклава“, „Архангел“, Неша – „Галија“…

од 12 до 14 јануари, славното и автентично Вевчани е голема отворена сцена за најголемиот европски фестивал на сатирата и една од најголемите културни знаменитости во Македонија- ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Благодарение на вевчанските василичари, нивната специфична порака и надалеку познатата вевчанска гостопримливост, живее вековната традиција на карневалот познат ширум светот по неговата архаичност и уникатност!

И оваа година со манифестацијата збогатена и со музичка програма, Вевчани е подготвено да ги пречека сите посетители во единствениот спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава, за заедно да ја испратиме изминатата година и да ја пречекаме новата со желба да биде посреќна и побериќетна, соопштија организаторите.

Меѓу првите најавени изведувачи за тридневната манифестација е легендарната македонска рок-група „Архангел“, етно-составот „Баклава“ и Ненад Неша Милосављевиќ, фронтменот на легендарната група „Галија“, кој ќе ги донесе најголемите хитови од нивната 40-годишна дискографска кариера, a сите детали ќе бидат познати на денешната прес-конференција.