Мегафон
Концерт

Вечерва во во „Станица 26“: Четкар за првпат ќе настапи со септет од познати македонски музичари

Вечерва во во „Станица 26“: Четкар за првпат ќе настапи со септет од познати македонски музичари

Концертната агенција и продукција „3Гонга“ Ве поканува на концертна свирка (Градска сесија бр.8) на македонскиот џез и фанк-гитарист Владимир Василевски – Четкар, вечерва, среда,  јануари со почеток во 21.30 часот во ноќниот клуб „Станица 26“.

Музичарот за првпат ќе настапи во Македонија со септет, составен од познати македонски музичари како: Ѓоле Максимовски на бас, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор-саксофон, Демир Катуровски на труба, Виктор Филиповски на тапани и Гордан Спасовски на клавијатури.

 Четкар, кој живее и работи во Њујорк, а музицира буквално низ целиот свет и досега има настапувано на сите светски релеватни џез фестивали и клубови, не сака да го скрие големото задоволство што настапува на домашен терен со извонредни македонски музичари.