Мегафон

Голем концерт на Лозано во „Борис Трајковски“

Голем концерт на Лозано во „Борис Трајковски“

Вечерва, сабота 23 март 2019 година  со почеток од 20.30 часот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи големиот солистички концерт на една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски. Со своите најголеми хитови од трите албуми кичевскиот славеј ќе одбележи 10 години кариера, а како специјални гости ќе настапат колегите од братското дуо „Некст тајм“.

„Сонце не ме грее“, „Кога мене ќе ме немаш“, „Мандарина“, „Бонбона“, „Километри“, „Јако, јако“ и актуелната „Мајко“ се само дел од рефрените што ќе ечат во „Борис Трајковски“ вечерва, а сето тоа во организација на продукцијата „Авалон“ ќе биде овековечено и на дивиди.

Влезниците за вечерашниот настан се речиси распродадени, а преостанатите што се достапни можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија, во „Југотон“, „Розе“ – Веро 2 и во „Сити мол“, како и онлајн на avalon.mk