Мегафон
фестивали

Вечерва е првото полуфинале на „Евросонг 2021“

Вечерва е првото полуфинале на „Евросонг 2021“

Домаќините ветуваат само добра забава, одлични сценски ефекти и фантастични изведувачи. Водители  на годинашната програма ќе бидат ТВ лицето Шантал Јансен, ТВ водителот и пејач Јан Смит, двократниот холандски евровизиски претставник (1998 и 2007 година) Едсилија Ромбли и  Јутјуб ѕвездата, Ники де Јагер.

Првото полуфинале ќе го отвори последниот сениорски победник на Евровизија, Данкан Лоренс, со изведбата на неговиот сингл Feel something, што го сними во соработка со диџејот Армин ван Бурен.

По завршувањето на натпреварот, за време на паузата за гласање ќе настапат пејачката Давина Мишел и актерката Текла Ретен, кои ќе го изведат перформансот „Моќта на водата“ придружена со истоимената песна и снимки од холандски делти, вклучително и насипи кои ја штитат земјата од Северното Море. Исто така, ќе се карактеризира со употреба на проширена реалност, што ќе придонесе сцената на Арената „Ахој“ да стане водена.

 

Годинашниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во „Ахој“ Арената, а покрај Македонија која ја преставува Васил Гарванлиев кој ќе настапи како шести поред со „Here I stand“, вечерва следниве земји учеснички ќе ги претстават своите песни:

  1. Литванија:  „The Roop“ | Discoteque ; 2. Словенија: Ана Соклич | Amen; 3. Русија: Манижа | Русинка;  4. Шведска: Tuse | Voices; 5. Австралија: Moнтејн | Technicolour;                                                        6. Македонија: Васил | Here I stand;  7. Ирска: Лесли Рој | Maps; 8. Кипар: Елена Кагрину | El diablo; 9. Норвешка: Tiks | Fallen angel; 10. Хрватска: Албина | Тик-ток;                                                         11. Белгија: „Hooverphonic“ | The wrong place; 12. Израел: Eden Alen | Set me free; 13. Романија: Roksen | Amnesia; 14. Азербејџан: Efendi | Mata Hari;  15. Украина:  „Go_A“ | Buka                                      и 16. Малта: Destini | Je me casse.