Мегафон
џез концерт

„Васил Хаџиманов бенд“ на 12 октомври во „Јавна соба“

„Васил Хаџиманов бенд“ на 12 октомври во „Јавна соба“

На 12.октомври во Јавна Соба ве покануваме на концерт на џез составот Васил Хаџиманов Бенд од Белград.

Настапуваат:

Васил Хаџиманов – пијано
Бојан Ивковиќ- перкусии, вокал
Бранко Тријиќ- гитара
Мирослав Товирац- бас гитара
Предраг Милутиновиќ- тапани

Бендот се оформува во 1995 година кога и за прв пат почнуваат да имаат настапи во живо. Во 2001 во соработка со PGP-RTS го издаваат своето прво ЦД и касета под наслов “11 reasons for…” . До денес имаат издадено седум авторски албуми; ”Kafanki”, “3-sega mu e majkata”, “Zivota mi”, “Can you dig it”, “Alive”, “Lines in sand”.

Во нивната биографија гордо ја спомнуваат и соработката со познатиот режисер Горан Паскалевиќ и неговата филмска екипа, за изработка на документарен филм за Белград.
Сите нивни изданија се прогласени за уметнички дела кои се од културно значење за Србија.

Mузиката на Васил Хаџиманов се одликува со комбинирање на балкански традиционални фолк ритмови со модерни музички стилови, што ја прави потполно автентична и со единствен пристап во џезот.

Дознајте зошто секој нивни концерт е незаборавно искуство!