Мегафон

ВАДА – првата академија за улични танци со предавачи од САД

ВАДА – првата академија за улични танци со предавачи од САД

„Професионализација на уличните танци и култура, обезбедувајќи структуриран, долгорочен процес за едукација на младите и обезбедувајќи можност за издигнување на танцовата сцена кај нас на значително повисоко ниво“, се целите на проектот ВАДА (Виртуелна американска танцова академија), кој започна да се реализира во Македонија. Проектот е во креација на координаторката Ивана Балабанова од „Битрикс“, Културно-уметничкицентар и Американската амбасада во Македонија, а во кој како партнери се јавуваат КСП „Центар Јадро“ (Јасмина Билаловиќ) и Младински културен центар (Ванчо Богоев), како и The Bureau of Educational and Cultural Affairs ( ECA) of the U.S. Department of State, American Voices и American Dance Abroad oд САД.

„Овој пионерски проект ќе ја позиционира нашата држава на мапата на светот како точка на зародиш на нови стандарди во практикувањето на овие танцови стилови, а со амбиции овој проект да се развие и да стане достапен и на интернационално ниво“, наведуваат креаторите на проектот. Танцовата академија, се додава, ќе им обезбеди на младите едукација со некои од најголемите танчарски имиња од САД, а ќе се реализира во два дела, и тоа: Онлајн танцови работилници во периодот февруари – јули и подготовка на танцов перформанс за што е предвидено во август да дојдат предавачите од САД“.

Во програмата ќе учествуваат 35 селектирани танчари и кореографи од Скопје, како и 25 танчари од други градови во државата.

Останати вести од Мегафон